„To do“ листа: 8 работи кои треба да ги направиш со твојата мајка пред да завршиш средно училиште
Овие активности ќе ве зближат и ќе создадете некои убави спомени...
Кога ќе завршиш средно училиште ќе те чека апсолутно нов сет на обврски, без разлика дали ќе продолжиш на факултет и ќе се преселиш во друг град или ќе почнеш да работиш. Ќе имаш помалку време отколку што имаш сега, а и нема да поминуваш толку многу време со родителите. Затоа искористи го времето кое го имаш за со мајка ти да ги направиш сите овие работи:
# Заминете на женски пикник
Остатокот од семејството оставете го дома и сами замиинете на пикник. Не мора тоа да биде нешто скапо и далеку од дома, доволно е да заминете во соседниот град, зоолошка градина или едноставен пикник во природа. Каде и да заминете, ваквите активности е лесно да се испланираат, потребен ви е само еден слободен ден, а сигурно ќе го имате и двете. Ќе се забавувате и дружите, а сигурно е дека ќе си поминете одлично.
# Згответе нешто заедно
Многу мајки сакаат да поминуваат време во кујната и сигурно ќе ѝ биде драго на твојата доколку ѝ понудиш помош или ѝ предложиш да те научи да зготвиш нешто. Доколку и двете сте добри, кога е готвењето во прашање, можете да пронајдете и некој нов рецепт на Интернет и да се обидете да го направите. Вклучете музика, подгответе ги садовите и забавата може да започне.
# Поставувај ѝ прашања за нејзиното детство, но и за своето
Можеш да мислиш дека добро ја познаваш својата мајка, но ја познаваш ли? Каква била во средно училиште? Како таа и твојот татко се запознале и ја започнале врската? Што е најлудото нешто што го направила во животот? Немој да заборавиш да ја прашаш да ти раскаже некои спомени од твоето детство, каква си била како бебе и многу други прашања. Тоа се спомени и приказни кои ќе ги цениш и паметиш дури и многу години подоцна.
# Заедно изгледајте ги твојот и нејзиниот омилен филм
Сите имаат омилен филм, некој кој секогаш можат да го гледаат одново и одново, оној кој никогаш не може да им стане здодевен и кој скоро па го знаат напамет. За викенд можете да имате мал филмски маратон и еден ден да го изгледате нејзиниот омилен филм, а другиот твојот. Не заборавајте ги пуканките!
# Фотографирајте се заедно - фотографиите ставете ги во албум или рамка
Фотографирањето денес често подразбира правење на селфи со мобилниот. Со оглед на тоа што сѐ можат технологиите и колку камерите на мобилните се квалитетни, за „кул“ фотографии не ви е потребен професионален фотоапарат или пак посета на фото студио. Опцијата одбрување на камерата и добриот агол се доволни. Кога ќе соберете неколку фотографии, ставете ги на УСБ и однесете ги во фото студио да ви ги извадат. Тоа не чини многу, а ќе имате спомени.
# Направете си спа ден
Уште еден начин за дружење со мајка ти е да организараш спа ден за вас две. Ставете си маска на лицето, маска на косата, налакирајте ги ноктите на рацете и нозете, направете си чај и едноставно уживајте. Мајките секогаш многу работат, што некогаш не ни помислуваат дека треба да одморат, а ова е вистинскиот начин за тоа.
# Одете заедно на шопинг
Кога последен пат си била со мајка ти на шопинг? Доколку не си била долго време, сега е одлично време да го поправиш тоа. Пролетта дојде што значи дека сигурно ти треба некое ново парче облека или обувки. Наместо со пријателките, овој пат со себе земи ја мајка ти! Послушај ги нејзините совети и купи го парчето облека која таа ти го препорачува, ќе останеш изненадена од тоа колку мајка ти некогаш знае добро да ти избере.
# Ново искуство
Сигурно има некоја активност која ниту ти, а ниту твојата мајка никогаш не сте ја испробале или барем долго време не сте ја правеле. Лизгањето на мраз или пак ставање на заедничка тетоважа можат да бидат слатки и „кул“ идеиза како заедно да испробате некоја нова активност. Зависи од тоа какви типови на луѓе сте и што сакате да правите во слободно време, сигурно може да најдете нешто ново што ќе ви дојде добро.