Тогаш беше сѐ во ред: Леа Станковиќ за последната средба со Кика, јутјуберката која изврши самоубиство

Тогаш беше сѐ во ред: Леа Станковиќ за последната средба со Кика, јутјуберката која изврши самоубиство

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Никој не можел да претпостави дека ќе посегне по својот живот...

Познатата јутјуберка Кристина Кика Ѓикиќ си го одзеде животот по долгата борба која не можела да ја издржи.

Познатата јутјуберка Кика, стана многу популарна преку онлајн драма, меѓутоа, бидејќи повеќе не можела да го поднесе притисокот на јавноста, младата девојка одлучила да си одземе животот.

Веста за нејзината смрт ја потврди и нејзината мајка, Наташа Ѓикиќ, преку својот Инстаграм профил. Медиумите во Србија, ја контактираа Леа Станковиќ, која ја познаваше Кика.

„Ја познавав, но се немавме видено долго време. Последен пат ја видов на еден фестивал пред пандемијата и тогаш беше навистина супер девојка. Јас за неа никогаш не сум имала да кажам било што лошо. Не бевме во контакт подолго време, но тогаш сѐ беше во ред. На фестивалите сѐ беше супер, се дружевме и забавувавме. Во последно време се немавме слушнато, но во тој период кога се гледавме знам дека имаше поддршка од следбениците. Не знам што точно се случило, но единствено што знам е дека извршила самоубиство“ - кажа Леа за порталот „Србија Данас“.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: