Тој е најубавиот дел од нејзиниот живот: Хејли му го честиташе роденденот на својот сопруг Џастин Бибер
Емотивна порака и колаж од фотографии за саканиот...
Минатиот вторник Џастин Бибер го прослави својот 28-ми роденден, а за да обележи таа прилика, неговата сопруга сподели слатка роденденска честитка на социјалните мрежи.
„Среќен роденден душо моја... има многу неверојатни и убави работи во овој живот, но најубаво е тоа што можам да го проживеам со тебе“ - напиша таа на Инстаграм, покрај галеријата слатки фотографии. „Те сакам... ова е за 28-от роденден“ - заврши манекенката.
Кон крајот на минатиот месец, претставникот на Џастин Бибер потврди дека пејачот е позитивен на вирусот Ковид-19, заедно со останатите членови во својот тим и поради тоа го одложи настапот во Лас Вегас за во јуни. Во меѓувреме, за време на едно неодамнешно интервју за насловната страница на магазинот „WSJ“, супермоделот ги сподели своите размислувања за тоа кога сака да има деца.
фото: Принтскрин / Инстаграм / @haileybieber