Тој е убавец: А која е девојката која му го украде срцето на помладиот брат на Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Тој е убавец: А која е девојката која му го украде срцето на помладиот брат на Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Објавена во: Crush Of The Week, Boys and Girls

фото:instagram

Многумина не знаат дека познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ има двајца помали браќа, 30-годишниот Марко и 26-годишниот Ѓорѓе, кои исто така своевремено се занимавале со тенис професионално.

Најмладиот брат Ѓорѓе, сепак најмногу го привлече вниманието на понежниот пол. Тој е директор на турнирот АТП Србија Опен што се одржува во тенискиот центар „Новак“ во Белград.

фото:profimedia

Згодниот Ѓорѓе четири години беше во врска со Тијана Ралиќ, а по раскинувањето го поврзуваа со популарната пејачка Теодора Џехверовиќ. Сега неговото срце го освои уште една дама - Сашка Веселинов, модел и водителка на спортска телевизија со која е во врска.


Таа и Ѓорѓе веќе живеат заедно, но ја криеа нивната љубов една година.


- Сега кога се откри дека сме заедно, мило ми е што се криевме. Мислам дека ако љубовта е вистинска, нема потреба да зборувате за неа, да објавувате фотографии, да пишувате цитати, бидејќи тогаш нешто не е во ред. Не се криевме, се движевме насекаде, само не ја подигнавме нашата приказна на ниво кое сите го знаат. Навистина уживавме во врската, уживаме и сега и ќе продолжиме да го правиме тоа. Јас се занимавам со јавна работа, Џоле ​​е јавна личност, неговото семејство исто. 

Сашка периодов објави повеќе фотографии со семејството Ѓоковиќ во знак на поддршка за Ноле.



Повеќе фотки од убавата Сашка, девојката на Ѓорѓе Ѓоковиќ, која изгледа како барбика:


извор: zadvolojna.dnevnik.hr / 24sedam.rs
фотографии:instagram


Објавена во: Crush Of The Week, Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: