Тој ја оставил неа: Се знае причината зошто Бред Пит раскина со германската манекенка

Тој ја оставил неа: Се знае причината зошто Бред Пит раскина со германската манекенка

Објавена во: Живот // Живот

Вмешана е и Анџелина...

На почетокот на месецот, извор за магазинот US Weekly, откри дека холивудскиот заводник, актерот Бред Пит и скоро три децении помладата германска манекенка, Никол Потуралски, ја прекинаа романсата за која се пишуваше кон крајот на летото кога парот беше уловен на романтично патување во Франција.

Иако споменатиот медиум не зборуваше за деталите на разделбата, многумина сфатија дека истата била по иницијатива на 27 - годишната манекенка, бидејќи по само неколку дена пред тоа беше уловена во друштво на 41 година постариот сопруг, Роланд Марија, со кој е во отворена врска и имаат 7 - годишен син. Меѓутоа, како што сега пишува National Enquirer, разделбата се случила бидејќи на тоа инсистирал, самиот Бред Пит.

Имено, како што раскажа неименуваниот извор за медиумот, вистинската причина за разделбата на Бред и Никол е неговата поранешна сопруга, 45 - годишната актерка Анџелина Џоли. Со оглед на тоа што поранешните сопружници и понатаму водат битка околу старателството над шесте заеднички деца, според зборовите на изворот, Бред не сакал да ѝ даде можност на Анџелина на било кој начин да му ја уништи можноста да го добие спорот, па за да докаже дека децата му се на прво место и за во јавноста да го задржи имиџот на внимателен татко, одлучи да ја прекине врската поради која минатите месеци беше во многу медиуми.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: