Тој знае како да се збогатите преку ноќ: Момчето кое во март 2020 добило отказ на работа, денес е милионер
Во моментот кога му било најтешко, ова момче се осмелило да му ја покаже на светот својата креативност и тоа, дефинитивно е најдобрата одлука која ја има донесено во животот.
Неодамна започнатата кампања на брендот „Boss“ ја одбележа личност која претходно не била присутна во светот на модата. Сепак, на корисниците на социјалната мрежа ТикТок им е добро познато имаето и лицето на овој млад човеок - тоа е 22-годишниот Каби Ламе.
Овој млад Сенегалец, кој од две години живее во Италија, е по знат по своите симпатични и духовити видеа во кои глуми без да зборува, а е толку успешен во тоа што го нарекоа модерниот Мистер Бин.
@khaby.lame Yes literary Genius my friend #learnfromkhaby #learnwithtiktok @tiktok suono originale - Khabane lame
Приказната на Ламе започнува во март 2020 година, кога поради карантинот и почетокот на пандемијата на коронавирус останал без работата во една фабрика во Кивас.
Откако добил отказ и останал дома, Каби почнал да снима духовити видеа за да си го исполни времето, а истите почнал да ги објавува на ТикТок. Тој се фокусирал на исмевање на триковите кои би требало да го олеснат животот, а видеото завршуваат со спуштање на рамената и изнервирана гестикулација со која укажува на тоа колку споменатите работите се едноставни.
@khaby.lame Could be the new Khaby ? Potrebbe essere il nuovo Khaby? #learnfromkhaby #imparacontiktok #stitch suono originale - Khabane lame
Неговиот хумор и талент толку брзо биле забележани, што популарноста на Каби почнала да расте преку ноќ, па тој денес е втор по ред најследен човек на ТикТок, веднаш после инфлуенсерката Чарли Д'Амелио.
@khaby.lame Hey bro this is an easier way to open the bag. You are welcome @bershka | wearing #naruto collection #bershkastyle suono originale - Khabane lame
Го следат дури 134 милиони луѓе на ТикТок, 72 милиони на Инстаграм, а неговиот живот не ни наликува на оној кој го водел до март 2020 година.
Популарноста, за среќа на Ламе, му донела ѝ финансиска добивка, а некои проценки велат дека тој во 2022 година има богатство вредно помеѓу 1,3 и 2,7 милиони евра. Има остварено соработки со многу брендови, а неодамна се појави и во рекламната камњата на познатата модна куќа.
Познат е како страствен вљубеник во фудбалот и навивач на италијанската репрезентација. Тој, исто така е и голем обожавател на Новак Ѓоковиќ, а во една прилика се пофали дека имал чест да го запознае и да се дружи со него.
фото: Инстаграм / ПринтскринИако целиот живот го поминал во Италија, нема државјанство на таа земја, но истакнува дека се чувствува како Италијанец. Моментално живее во Милано, а во октомври 2020 година соопшти дека се верил со студентката Заира Нучи.
фото: Принтскрин / ТикТок