Толку млад, успешен и во среќен брак: Сопругата на тенисерот Медведев вчера беше најсреќната жена на УС Опен (ФОТО)
Најсреќната жена на светот вчера беше жената на 25 - годишниот тенисер Медведев, со која се ожени на 22 години.
Вчера, со маестрална победа, Русинот Данил Медведев ја прекина златната серија на победи на Новак Ѓоковиќ, а негова најголема поддршка е неговата сопруга - Дарија.
25 - годишниот Данил Медведев беше главната и последна пречка на патот на Новак Ѓоковиќ за испишување тениска историја.
Русинот победи на УС Опен, и додека го играше можеби и натпреварот на својот живот на теренот, неговата сопруга го следеше од публиката.
На многумина не им е познато дека Данил има жена, но тој е оженет од 2018 година. Кога имал 22 години стапил во брак со Дарија Медведев, која по потекло е од Москва, исто како и Данил.
Пред свадбата, тие двајца се забавувале 4 години.
Дарија студирала новинарство, а Данил секогаш нагласува колку му значи нејзината поддршка. Тој исто така зборува и дека неговата сопруга му ја покажала целата убавина на животот, како и дека сака да го помине целиот живот со неа.
Тој на прес -конференцијата во Вашингтон изјави дека таа е една од најважните членови на неговиот тим, а тој исто така тврди дека таа е одговорна за неговата добра игра!
Тој, исто така, верува дека тоа му носи среќа, која можеби се покажа како вистина синоќа, бидејќи убавата Дарија го следеше натпреварот на Данило со Новак.
Данил и Дарија засега немаат деца, а живеат во Монте Карло.
фото:PROFIMEDIAизвор:GLOSSY