Топ 12 најдобри љубовни песни на сите времиња: Плејлиста за создавање на романтична атмосфера на Денот на вљубените (ВИДЕО)

Топ 12 најдобри љубовни песни на сите времиња: Плејлиста за создавање на романтична атмосфера на Денот на вљубените (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Некои од овие хитови се толку стари, но го преживеаа тестот на времето и станаа љубовни евергрини...

Денес се одбележува Денот на вљубените, па одлуивме да составиме плејлиста од најубавите љубовни песни на сите времиња.

Тоа се оние песни во кои ќе уживате ако сте среќно заљубени. Дури и доколку сте длабоко разочарани, откако ќе ги слушнете овие 12 песни, ви гарантираме дека ќе почнете повторно да верувате во вистинската љубов.

Моќта на романтичните песни е магична, па ви ги носиме најромантичните и најсилните романтични песни на сите времиња.

# When a Man Loves a Woman

Перси Слеџ беше првиот што ја испеа оваа култна љубовна песна, напишана од Келвин Луис и Ендрју Рајт. Песната се искачи на првото место на топ-листата на Billboard Hot 100 во 60-тите. Мајкл Болтон ја преработи песната во 1991 година и исто така се прослави, пеејќи ги истите стихови за сите работи што еден маж ќе ги направи за жената што навистина ја сака.


# Can't Take My Eyes Off of You

Песната е од 1967 година, а ја напиша Боб Кру и Боб Гаудио, додека Френки Вали беше задолжен за интерпретацијата. И оваа песна беше меѓу најголемите хитови, заработи и златна плоча, обезбеди место на топ-листата на Билборд и се запиша како безвременски љубовен евергрин.


# Fly Me to The Moon

Оваа песна во 1954 година ја напиша Барт Ховард, првобитно нарекувајќи ја „In Other Words“. Прво ја имаше испеано Кеј Балард, а потоа и Френк Синатра, кој беше задолжен за нејзиното прославување. Покрај тоа што во песната саканата личност се повикува на Месечината и на прошетка меѓу ѕвездите, стиховите се крајно романтични и низ нив се искажува љубовта и почитта кон саканата личност.


# Be My Baby

Незаборавниот хит од 60-тите кој го испеа женскиот бенд „The Ronnettes“, во чиј состав беа сестрите Вероника и Естел Бенет и нивната братучедка Недра Тали. Оваа песна се здоби со популарност откако Мартин Скорсезе ја вклучи во криминалистичката драма „Mean Streets“.


# Stand by Me

Во 1961 година ја изведе американскиот пејач и текстописец Бен Е. Кинг. Но, имаше и други и повеќе од популарни реизданија, како оние во режија на познатите The Beatles. Се вброи помеѓу најголемите 500 хитови на сите времиња.


# I Will Always Love You

Иако најверојатно оваа песна ја знаете само во изведба на Витни Хјустон, првенствено ја има напишано и изведено Доли Партон. Витни ја снимила сопствената верзија за потребите на филмот „The Bodyguard“ и стака стана една од најмоќните љубовни песни на сите времиња.


# Pretty Woman

Иако оваа песна настала во 60-тите години на минатиот век, се прослави 30 години подоцна, во филмот „Pretty Woman“ со Џулија Робертс и Ричард Гир. 


# The Time of My Life

Песната која ја напишаа Френки Превите, Џон ДеНикола и Доналд Марковиц веднаш ни паѓа на ум кога ќе се спомене филмот „Dirty Dancing“. Само не ја испробувајте дома онаа сцена од легендарниот танц и грациозното кревање што ја прават Патрик Свејзи и Џенифер Билс.


# My Heart Will Go On

Песната и текстот веднаш ги поврзуваме со „Титаник“, кој оваа година навршува 25 години од премиерното прикажување во кината. Оваа балада на Селин Дион дефинитивно е една од најпознатите љубовни химни.


# All of Me

Оваа песна, Џон Леџенд ѝ ја посветува на својата сопруга Криси Тајген. Спотот за песанта е снимен во Италија неколку дена пред венчавката на двојката, а во него се појавува и Криси. Поради тоа не е ни чудно што младенците ширум светот со задоволство ја одбираат токму оваа балада за својот прв танц.


# Perfect

Ед Ширан со оваа песна ја освои публиката, а во 2017 година не се симнуваше од тронот на најслушани песни. Прекрасната балада ѝ ја посвети на една посебна девојка која се неизмерно се заљубил и која е совршена за него.


# Just the Way You Are

На американскиот кантавтор Бруно Марс оваа песна му беше дебитански соло сингл, со кој во 2010 година ја освои планетата. Во стиховите од песната, Бруја ја фали убавината на девојката, а да бидеме искрени - која девојка не сака да слушне толку убави зборови?


фото: Принтскрин / Инстаграм


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: