Топ листа на најплатени познати личности: Која од нив заработи најмногу оваа година?

Топ листа на најплатени познати личности: Која од нив заработи најмногу оваа година?

Објавена во: Мода // Moj стил

Само една личности може да биде врвот...

Еден од највлијателните магазини, „Форбс“ и оваа година ја објави својата листа на познати личности кои во последната година заработиле најмногу пари. На листата се најдоа повеќе од 100 ѕвезди, а оној кој се најде на врвот има заборатено вртоглави 590 милиони долари!

Можеш ли воопшто да замислиш во само една година да заработиш 590 милиони долари? Веројатно не, но на познатите тоа им е сосема нормално. Нивните годишни заработни се мерат во милиони, а иако многу од нив имаат и по неколку бизниси со кои се занимаваат, една позната личност особено ги соборува сите рекорди кога е во прашање заработката. „Форбс“ ја објави својата топ листа од 100 најплатени познати личности, а на нејзиниот врво се најде Кајли Џенер. Таа е познатата личност која е најплатена оваа година, со заработка од 590 милиони долари, од кои најмногу дел и се од продажбата на 51% од акциите во „Кајли Козметикс“. Иако минатата недела настана вистинска драма кога е истиот магазин објави дека Кајли и нејзиното семејство лажеле во врска со заработката и ѝ ја одзема титулата најмлада милијардерка.

Тврдеа дека Кајли и нејзиниот тим ги фалсификувале документите и бројките за да се осигураат дека таа нема да го изгуби овој статус. Кајли и нејзиниот адвокат наводно тврдат дека ова не е вистина. Но, без разлика дали Кајли е или не најмлада милијардерка на светот, таа сепак е најплатена позната личност за 2020 година. Во топ 3 на оваа листа се најдоа и Канје Вест и тенисерот Роџер Федерер. Еве кој уште се најде на врвот на листата и со која зарабока:

20. Џонас Брадерс - 68.5 милиони долари 

19. Гордон Ремзи - 70 милиони долари

18. Рајан Рејнолдс - 71.5 милиони долари

17. Ариана Гранде - 72 милиони долари

16. Стивен Кари - 74.4 милиони долари 

15. Џејмс Патерсон - 80 милиони долари

14. Елтон Џон - 81 милиони долари

13. Бил Симонс - 82.5 милиони долари

12. Елен ДеЏенерис - 84 милиони долари

11. Раш Лимбо - 85 милиони долари

10. Двејн Џонсон - 87.5 милиони долари

9. Леброн Џејмс - 88.2 милиони долари

8. Ховард Стерн - 90 милиони долари

7. Нејмар - 95.5 милиони долари

6. Тајлер Пери - 97 милиони долари 

5. Лионел Меси - 104 - милиони долари

4. Кристијано Роналдо - 105 милиони долари

3. Роџер Федерер - 106.3 милиони долари

2. Канје Вест - 170 милиони долари

1. Кајли Џенер - 590 милиони долари


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: