Торта со Спајдермен и многу балони: Дарко Лазиќ го прослави роденденот на синот со поранешната свршеница Марина (ФОТО)
Покрај тоа, целата декорација беше во овој стил, со многу балони, а гордата мајка Марина не ja криеше насмевката додека нејзиниот син дуваше свеќички на тортата
Пејачот Дарко Лазиќ и неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ очигледно решиле барем на еден ден да ги остават на страна сите несогласувања и заедно да го прослават роденденот на нивниот наследник Алексеј.
Имено, пејачот на својот Инстаграм профил објави кратко видео од прославата, а како и многу момчиња на негова возраст, така и Алексеј има свој суперхерој. Затоа на забавата аниматорите беа во костими на Спајдермен, а на тортата беше истиот херој.
Дарко пред два дена преку Инстаграм јавно му го честиташе роденденот на синот, а му посвети емотивна порака.
- Твојата насмевка е мојата сила, живеам поради тебе, се борам поради тебе. Среќен ти роденден животе - напиша Лазиќ, додека се редеа честитки во коментарите под фотографијата.
Извор: www.telegraf.rs