Традиционална свадба со многу познати гости: Таско го кажа судбоносното „да“ (ФОТО)
Миленикот на тинејџерските стапи во брак со жената која наскоро ќе му роди син...
Музичарот Христијан Тасковски, попознат како Таско во февруари откри дека наскоро ќе оствари во најважната улога во животот - улогата на татко. Тогаш, тој и неговата партнерка Наташа, го открија полот на бебето и со обожавателите на Таско споделија дека очекуваат син.
Сега, неколку месеци подоцна тие застанаа и на „лудниот камен“ и пред роднините, пријателите и соработниците го кажаа судбоносното „да“.
На социјалните мрежи може да се најдат многу фотографии од овој важен ден за нив, кои откриваат дека имале и црковна венчавка, но и вистинска традиционална свадба со тапани, ора...
Но, она што не помина незабележано е тоа што освен младоженецот, кој испеа неколку свои песни, за микрофонот се фатија и другите познати гости - младата пејачка Лина Пејовска, Пајак, Панчо - ДНК, Миле Кузмановски и многу други.
фото: Принтскрин / Инстаграм