Уникатен начин за откривање на полот на бебе: Таско откри дека наскоро ќе стане татко (ФОТО)
Миленикот на тинејџерките Христијан Тасковски - Таско, откри дека наскоро ќе се оствари во најважната улога во животот - улогата на татко...
Имено вчера, тој и неговата партнерка Наташа која е сопственичка на салон за убавина, ќе се остварат во улогата на родители, откако минатото лето стапија во брак по три ипол години врска.
„Се оженив пред четири месеци. Знаеш, како растеш и созреваш, природно доаѓа и тоа да сакаш да се ожениш. Се венчавме во матично и сè уште сме на два ума дали да правиме свадба, ама мислам дека ќе направиме за да ги испочитуваме постарите генерации околу нас“ - раскажа неодамна Таско за „Репортер“.
Двајцата облечени во бело, пукнаа балон од кој испрска сина боја на бели „Најк“ патичиња, што значеше дека бебето е машко.
Таско не крие дека е во љубов со Таша, па така и на единствената фотографија со саканата на неговиот профил на Инстаграм по повод новогодишните празници, тој напиша:
„Ви посакувам да најдете љубов. Ви посакувам да најдете мир. Ви посакувам да најдете хармонија. Ви посакувам повеќе здравје, и помалку секирации. Ви посакувам живот и убавини. Ви посакувам среќна 2023, и се што е лошо нека остане во претходната година, а се што е добро да премине во новата и да се дуплира ! Да сме живи и здрави.“
фото: Принтскрин / Инстаграм