Традијата не допира до неа: Кендал Џенер со една фотка покажа дека нема срам
Кендал Џенер навистина нема чувство за срам! Манекенката викендов беше на фестивалот „Astroworld“, каде за време на настапот на Тревис Скот починаа осум луѓе. Сепак, иако присуствуваше на сето тоа, таа покажа дека за неа тоа не претставува ништо посебно.
Секако, никој не ја обвинува Кендал што во петокот сподели фотографија од себе покрај масовната сцена на која подоцна настапи Тревис, бидејќи тоа се случило пред трагедијата. Таа покрај фотката напиша и коментар: „Дали ќе бидете на планината?“.
Меѓутоа, по трагедијата, Кендал го едитираше коментарот, но само така што стави емотикон од планински врв, а што е референца за сцената на Тревис, „Utopia Mountain“, пренесува „The Independent“.
По ова, следуваше неверојатна количина на коментари од нејзините следбеници кои ѝ посочија дека се однесува како монструм и дека требало да ја избрише фотографијата наместо да се однесува како ништо да не се случило. Дури по таквиот притисок, таа се одлучи за овој чекор.
Но, ова не е првпат членовите од семејството Кардашијан - Џенер да покажат дека се оперирани од животот во реалноста и дека „обичните“ луѓе ги гледаат од висина. Сите се сеќавме на инцидентот од еден забавен парк кога Кајли Џенер и Тревис Скот ги избркале посетителите за да можат да уживаат сами.