Трагедијата на фестивалот „Astroworld“ им ги промени животите: Кајли Џенер е очајна, раперот е во константен шок

Трагедијата на фестивалот „Astroworld“ им ги промени животите: Кајли Џенер е очајна, раперот е во константен шок

Објавена во: Stars // Музика

Тревис Скот уште ги трпи последиците од трагедијата што се случи за време на „Astroworld“ во Хјустон, Тексас, во која починаа десет луѓе, вклучувајќи и 9-годишно момче. По овој страшен инцидент, раперот цело време се потпираше на својата жена Кајли Џенер и „активно ги истражуваше начини на поврзување“ со семејствата на погодените од трагедијата, како што дознава „Fox News Digital“.

Имено, Кајли Џенер е потресена од трагедијата која се случи на фестивалот во Хјустон и прави сè што може да го поддржи Тревис во емоциите со кои секојдневно се соочува. Нејзиниот сопруг е во „шок“ и дава напори да остане во комуникација со семејствата на погодените од инцидентот. Инаку, Скот има голема љубов кон своите обожаватели, бидејќи неговиот метеорски успех не би се случил без поддршката која му ја даваа од неговиот прв деби микстеп „Owl Pharaoh“ од 2013 година и студискиот албум „Rodeo“ од 2015 година.

Кајли знае колку му значи настапувањето на Тревис и излегувањето пред обожавателите, така што за неа е многу тешко да го гледа својот сопруг во постојан шок, додека тужбите константно се собираат. Таа сфаќа дека ситуацијата е многу поголема од она што некогаш би можела да го замисли, особено со толку изгубени живот. Сè што сега можат да направат тие двајца е да бидат еден покрај друг и за сите семејства кои се погодени од трагедијата.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: