Трамп повеќе не е заразен: Меланија ги шокираше сите со откритието дека и Барон имал корона
Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе не може активно да го шири вирусот Ковид - 19 и може да се појави на настапот во Мајами во организација на Ен-Би-Си Њус, а да не ги зарази другите, рече американскиот епидемиолог Ентони Фаучи.
Тој во интервју за Ен-Би-Си кажа дека тој и неговиот колега Клифорд Лејн од Националниот институт за здравје ги прегледале сите тестови на Ковид-19 кои ги направил претедателот, како и дополнителниот тест направен во нивната лабораторија, за да дојдат до заклучокот дека претседателот не е заразен, пренесува Ројтерс.
Трамп на 2 октомври објави дека е позитивен на коронавирус и неколку дена примаше терапија во болница.
Најмладиот син на Трамп, Барон бил позитивен на коронавирусот, како и неговите родители, но немал никакви симптоми, соопшти првата дама Меланија Трамп.
Таа во пост на блогот на Белата Куќа објави дека Барок прво бил негативен, но дека по неколку дена повторно се тестирал и тогаш покажало дека има вирус, пренесуваат американските медиуми.