Трансформација која расплака многумина: Од слабо и неухрането куче до совршена хаска

Трансформација која расплака многумина: Од слабо и неухрането куче до совршена хаска

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Порталот „The Dodo“ објавува многу видеа за различни животни, а помеѓу последните е она со хаската Рајкер, чија трансформација ги воодушеви луѓето.

Рајкер е предаден на локалниот ветерениран по барање од сега поранешниот сопственик, за да го успие. Бил коски и кожа, а новата сопственичка во видеото раскажува дека на него единствено очите биле живи.

Откако Рајкер бил сместен во новиот дом, полека почнал да се опушта и ужива. Промената не се гледала само во неговото однесување, туку и во изгледот. Почнал да си игра, повеќе да јаде, а и влакната повторно почнале да му растат.

Рајкер потполно се променил и станал здраво куче кое ужива во својот нов дом.


Луѓето на Интернет се воодушевени, но многумина и се расплакуваат од неверојатната промена на ова куче, па во коментари пишуваа дека е доволно малку внимание и несебична љубов и дека нечиј живот може да се промени, но и дека се шокирани од количината на не грижа која ја покажал поранешниот сопственик кон ова животно.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: