Трансродовата ќерка на познатиот спортист за прв пат прошета на пистата, а неодамна и официјално стана девојка: „Дојде дома и рече дека сака да ѝ се обраќаме во женско лице, целосно ја поддржавме“
Фото: Profimedia
Трансродовата ќерка на познатиот кошаркар Двејн Вејд неодамна дебитираше како модел на ревијата на „Миу Миу“ на модната недела во Париз.
Заја изгледаше одлично на пистата, а ревијата ја следеше нејзиниот татко, кој пред три години најави промена во животот на своето дете. Тинејџерката (15) во последните три години се декларира како трансродова личност, а неодамна и официјално ги предаде документите и сега продолжува како девојче.
„Зион дојде дома и рече: „Сакам да разговарам со вас, подготвен сум да чекорам напред и да живеам како што сакам. Сакам да ми се обраќате со „таа“, а би сакал и да ме викате Заја“, рече Вејд неодамна во емисијата „The Ellen DeGeneres Show“ и нагласи дека тој и неговата сопруга Габриела Јунион целосно ја поддржале одлуката.
Двејн ќерката Заја ја доби со поранешната сопруга Савон Фанчес Вејд. Поранешниот кошаркар е во брак со актерката Габриела Унион од 2014-та година, со која има осумгодишна ќерка. Од претходната врска го има синот Хавиер (9).
Извор: zena.blic.rs