Трендовски модни додатоци кои ќе бидат „ИН“ vs. оние кои се „АУТ“ оваа сезона

Трендовски модни додатоци кои ќе бидат „ИН“ vs. оние кои се „АУТ“ оваа сезона

Објавена во: Мода // In and Out

Шапките кои изгледаат како моден додаток за скијање, а не се за секој ден, наводно ќе бидат апсолутен хит оваа година. Многу продавници ги имаат во нивните нови колекции што ги претставија.

Покрај тоа што сакаме да изгледаме убаво во текот на зимата, сакаме да ни биде и топло. Тоа е најважно. Понекогаш повеќе би сакале да изгледаме како тотално „hot mess“, но да бидеме топло облечени. За да ни помогне да не замрзнеме, ги ставаме и главните зимски модни додатоци: шал, капа и ракавици. Без нив не одиме никаде кога температурите паѓаат! Секоја година во тренд се некои различни модели, особено кога се во прашање шапките, а еве што ќе биде ин оваа година, а кои зимски модни додатоци се тотално „out“.

Трендовски модни додатоци:

 

1. Шапка која изгледа како скијачка


Капите наречени „balaclava“ или поедноставно објаснето, капи кои изгледаат како за скијање, стануваат популарни оваа година. Тренд кој сигурно нема да воодушеви многумина бидејќи нема шанси вашата фризура под ваква капа да остане трајна. Капите и онака не се добри за зачувување на фризурите, а особено оваа. Но, едно мора да и се признае, ќе ве стопли како никоја друга.

2. Долги ракавици


Модата оваа година ни е наклонета бидејќи популарни се сите зимски аксесоари кои се особено топли и ќе ни помогнат да ни биде што потопло. Така, хит се и долгите ракавици, оние до лактот. Особено кожени! Изгледаат одлично и се толку фенси, а совршено ќе одат во неутрална боја под палтото и јакни во светли бои како жолта, црвена или сина или обратно - или ако имате капут со неутрална боја, ракавици во светла нијанса .

3. XXL шалови


Оваа есен и зима се се носи предимензионирано, а тоа е придружено со шалови. Долгите шалови кои често повеќе личат на помало ќебе отколку на шал се одамна хит, но ние ги сакаме затоа што не загреваат и даваат дополнителен слој топлина, што е најголемиот плус во текот на зимата. XXL шаловиоте продолжуваат да се носат и оваа година и не можеме да бидеме посреќни поради тоа!


Овие модни додатоци повеќе не се носат:

1. Капа со голема „пуфка“


Најмалку популарен модел на шапки оваа година се капите со голема „пуфка“. Сите имаат барем една ваква капа бидејќи дефинитивно беа најпопуларниот модел досега, но оваа година ќе бидат заобиколени од оние кои се грижат да бидат во тренд.

2. Ракавици без прсти


Моделот на ракавици кои не се носат годинава се ракавици без прсти. Нивното време помина и прстите сигурно ќе ви бидат благодарни доколку и вие во претстојната зима го заобиколите овој тип на ракавици. Ова се уште ракавици за есен кога сè уште не е толку студено. Секој што ги носел во текот на зимата знае колку се незгодни.

3. Тркалезни шалови


Оние шалови кои изгледаат како затворен круг повеќе не се ИН. Нивното време истече. Понекогаш е тешко добро да го завиткате овој додаток околу вратот - за да изгледа добро, но и да покриете што повеќе кожа. Нема да се грижиме за тоа оваа зима, бидејќи тие повеќе не се во мода.


Фото: Инстаграм
Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: