
Трендсетерки од ТикТок: 5 најпознати модни инфлуенсерки од оваа социјална мрежа
Доколку барате инспирација за прекрасни „оутфити“, заследете ги овие познати ТикТокерки...
До неодамна никој немаше слушнато за ТикТок, а сега и птиците на гранките знаат сѐ за оваа позната социјална мрежа на која може да се најдат смешни и танцувачки видеа, но и корисни совети за убавина и мода. Во продолжение ти ја претставуваме листата од топ 5 ТикТокерки кои станаа модни инфлуенсерки.
# Brittany Xavier
Оваа трендсетерка моментално има повеќе од 2 милиони следбеници на ТикТок, а позната е по своите DIY проекти. Негува „кул“, но лежерен стил и често може да се види како носи тренерка со свечени парчиња.
# Emma Jean Clarke
Оваа преслатка русокоса ги сака 90 - тите: „кул“ очила, ретро чанти и кроп топови. Нејзините „аутфити“ најчесто се едноставни комбинации, кои на неа изгледаат апсолутно тренди. Ема моментално има 45 илјади следбеници, а таа бројка од ден во ден само расте.
# Aly Mylene
Таа на ТикТок има 70 илјади следбеници, а позната е по својот урбан, но женствен стил, „кул“ фризури, одлична колекција на накит и забавни видеа. Сакаме да ја следиме само за да можеме да уловиме некое ново парче облека од нејзиниот плакар.
# Samira Radmehr
Оваа блогерка од Лос Анџелес сакаме да ја следиме поради тоа што од ден во ден со своите следбеници ги споделува своите „аутфити“, но и корисни модни упатства за тоа како да комбинираме одредени парчиња. Освен тоа, Самира споделува совети за како да добиете инспиративен изглед, инспириран од познатите личности по пристапна цена, а тоа секогаш добро доаѓа.
# Keri Fay
Доколку сакате да комбинирате женствени и спортски парчиња, тогаш ќе сакате да го копирате секој „аутфит“ на оваа прекрасна ТикТокерка. Освен модните видеа, на нејзиниот профил ќе може да најдете и интересни совети за уредување на фотографии.