Тренинг за трпение: Празна сложувалка од 2.000 парчиња

Тренинг за трпение: Празна сложувалка од 2.000 парчиња

Објавена во: Совети // Семејство

Потполно се празни, а се состојат од дури 2.000 делови... „Ужас за нервите“ - велат за овие сложувалки.

Јапонската компанија Beverly создаде сложувалка од 2.000 парчиња, создадена за периодот на изолација. Но, со оваа сложувалка дефинитивно ќе може да си ги изгубите нервите, бидејќи истата е потлно празна.

Овие сложувалки не се за секој, велат, а особено не за деца. Од компанијата исто така додаваат дека сложувањето на овие „ѕверки“ не се завршува за едно попладне, туку скоро цела недела, а може и две, три, четири, десет... зависно од тоа колку концентрација имате, јавува UniLad.

Исто така со сложувалката има и упатство дека не е за почетници, а истата може да се купи од eBay.

Според рецензиите кои некои луѓе ги имаат напишано делува дека овие сложувалки се одличен подарок со кој може да „малтретирате некој кој сака сложувалки“. Поради тоа, доколку сте во изолација и имате слободно време и не знаете што со сбее, зпаочнете ја оваа сложувалка. 


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: