Трета година по ред „Божиновски часовници и накит“ ја изработува наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“- најголемото филмско признание во Македонија
Посилно од возбудата кога создаваш нешто за првпат е кога она што си го
создал, прераснало во традиција, но страста во создавањето останува иста
како првиот пат.
Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ од страна на Друштвото на
филмски работници за прв пат е доделена во 2013 на режисерот и сценаристот
Кирил Ценевски, а од пред 3 години „Божиновски часовници и накит“ ја доби
честа да и даде форма на наградата достојна на животот и делото на секој од
бисерите на македонската кинематографија.
Мразот беше скршен со првото доделување на композиторот Љупчо Костантинов,
ѕвездата за првпат блесна, ја доби својата форма, а со тоа и воздбудата во
тимот на Божиновски дека учествуваа во создавањето на македонскиот оскар.
Наредната година ѕвездата беше излеана за да го одбележи филмското творештво на Столе Попов од креативниот тимот на „Божиновски часовници и накит“, а оваа година со истата возбуда и страст ја креираа и за годинешниот лауреат Бајрам Северџан.
„Големата ѕвезда е награда за македонската филмска креативност, награда за која сме особено среќни што и дадовме форма и изглед, што ја материјализиравме и искрено се надеваме дека истата ќе биде мотив и инспирација за многу генерации на филмски професионалци, да творат, да создаваат и со тоа да бидат гордост за Македонија“, велат од Божиновски часовници и накит.