Третата сезона само што ја објавија, а еве што се знае за четвртата сезона од „Emily in Paris“?

Третата сезона само што ја објавија, а еве што се знае за четвртата сезона од „Emily in Paris“?

Објавена во: Stars // Филм

На Нетфликс пристигнаа новите епизоди од серијата „Emily in Paris“ која нѐ води во магичниот Париз и светот полн со љубов, интриги, гламур. Иако сега пристигнаа новите епизоди, сите се прашуваат кога ќе излезе четвртата сезона.

Многу прашања ни се вртеа во глава по завршувањето на втората сезона, а сега конечно можеме да ги дознаеме одговорите на кои чекавме со месеци. Нема многу да ви откриваме за третата сезона и ќе ве оставиме сами да дознаете што се случува во новите 10 епизоди, но затоа можеме да ви кажеме нешто повеќе за четвртата.

Уште во јануари 2022 година, во текот на премиерата на втората сезона, во исто време беа најавени уште две нови сезони - трета, но и четврта. Многу обожаватели беа загрижени дали највата ќе оствари со оглед на тоа што сериите кои не се популарни, Нетфликс знае да ги откаже. Но, не грижете се, четврта сезона ќе има.

Од порталот „Variety“ дознавме дека третата и четвртата сезона се снимени една по друга. Уште не познат датумот на премиерата, но со оглед на тоа што втората и третата сезона беа објавени пред Божиќ, можно и четвртата да биде објавена пред крајот на 2023 година.

Се претпоставува дека и во новата сезона популарната Емили ќе ја глуми Лили Колинс, а немаше вести дека ќе има промена и во остатокот од регуларната актерска постава. Иако сѐ ова не е официјално потврдено, едно знаеме - што и да прави Емили во новите сезони, тоа ќе биде со стил.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: