Трето одделение не успеал да заврши од прва: Денес на 15 години има дипломи од два факултети
Петнаесетгодишниот Џек Рико стана најмладата личност која некогаш дипломирала на Универзитот Невада во Лас Вегас.
Рико оваа недела доби диплома за додипломски студии и ја додаде на дипломата која веќе ја има од Универзитетот Фулертон, кој го заврши на 13 години и каде што е исто така најмладата личност која дипломирала некогаш.
Нагласил дека остантите студенти и професори на факултетот многу добро го прифатиле и дека не го третирале како дете. Џек сега ги заврши студиите по историја, а уште не е сигурен за која насока ќе се одлучи за постдипломските студии.
Интересно е што „паднал“ година во трето одделение. На училишните тестови за интелигенција освојувал натпросечни резултати, но некои предмети едноставно не му оделе. Неговите родители потоа одлучиле да го школуваат дома.
„Ниту едно дете не е исто, бидејќи некои деца подобро напредуваат во училишно опкружување, други подобро напредуваат додека се школуваат дома... Јас мислам дека тоа би требало да биде избор на детето“ - кажа Рико за „KTNV“.
Неговата мајка Ру Андраде вели дека од мали нозе покажувал знаци на висока интелигенција. За својот четврти роденден сакал да ја види белата куќа. Родителите му кажале дека тоа ќе може да се случи, доколку ги научи напамет сите американски претседатели. Рико го направил и тоа, а пропратно ги научил имињата на сите потпретседатели.
Освен што веќе завршил два факултети, Рико, како што самиот истакнува, е поприлично сличен на секој друг тинејџер.
„Тој е вистински глупак кога се во прашање видео игрите“ - се пошегува неговата мајка и додаде дека Џек има и сестра со аутизам за која секогаш се грижи и дека најдобрата работа кај него е неговото срце.