Три дена по ред леќа или шпагети за ручек во студентскиот Стив Наумов: Нема ништо страшно, вели директорот Велевски
Неколку дена по ред јаделе боранија или леќа за ручек, салата немало воопшто, ниту пак овошје. За вечера секој втор ден на менито се шпагети со сирење. Студенти кои се сместени во Студентскиот дом Стив Наумов реагираат дека веќе две -три недели храната во студенстката кујна е еднолична. Но тоа не е најголемиот проблем - пред два дена снемало интернет, а од фирмата која го обезбедува дошле и ги земале рутерите. За храната и интернетот тие плаќаат во месечната сметка. Реагираат затоа што се револтирани - интернетот им треба за да следат настава и за да учат.
„Проблемот трае веќе 2-3 недели. Салата за ручек повеќе нема. Смути за доручек нема. Имаше црн леб сега и него го нема. Леб има само бел и тој којзнае колку време стои. Ручекот се исто, па исто даваат. Се случува неколку дена со ред да има исто јадење на пример леќа или боранија. За вечера секој втор ден шпагети со сирење даваат. И за ручек се случува шпагети да има. За вечера даваат тоа што треба да е за доручек како на пример пржени јајца, проја“ - вели студентка која е сместена во бараките во Стив Наумов.
Целиот текст прочитајте го на Фактор.