Три сестри студиите ги завршиле како студентки на генерација: Кристина, Оливера и Надежда се гордост на сите

Три сестри студиите ги завршиле како студентки на генерација: Кристина, Оливера и Надежда се гордост на сите

Објавена во: Совети // School zone

Оливера, Кристина и Надежда од родителите ги научиле вистинските вредности, а благодарение на добрата организација и работа резултатите не недостасувале...

Близначките Кристина и Оливера завршиле медицина во Фоча, а помладата сестра Надежда Правен факултет на Универзитетот во Источно Сараево.

Сите три дипломирале како студентки на генерација, со најдобар просек, пренесува „RTRS“.

За тоа како е да се биде прв и пример за другите, научиле уште од мали нозе. Оливера, Кристина и Надежда ги научиле вистинските вредности од своите родители, а благодарение на добрата организација и работа, резултатите не изостанувале.

„Мислам дека никогаш не сум се ни трудела да бидат подобра од сите, туку некако сакам да се победувам самата себе, да бидам подобра верзија од себе секој нов ден. Секогаш додека учев се трудев да размислувам за тоа како некој кој се занимава со тоа и тоа многу ми го олесни подготвувањето и полагањето на испитите“ - истакна Надежда, која е дипломиран правник.

„Во суштина се одрекувате од вишокот слободно време што не ви треба, а ако правилно ги поставите приоритетите, може да постигнете сè, и да учите, да одите на факултет и да се занимавате со сè останато што ве интересира во животот“ - додаде Кристина Драшковиќ, која сега е асистент на Медицинскиот факултет во Фоча.

„Да им се заблагодарам на родителите кои цело време беа тука за нас и што дадоа апсолутно сè, дури и повеќе отколку што можеа сите овие години“ - изјави Оливера, која работи како општ лекар во болницата „Србија“ во Источно Сараево.


Близначките Кристина и Оливера нашле работа шест месеци по дипломирањето. Едната работи во болницата „Србија“ во Источно Сараево, а другата како асистентна Медицинскиот факултет во Фоча. Најмладата Надежда, која дипломирала во септември минатата година, вели дека моментално е втора година на магистерски студии по право. Таа се надева дека ќе заснова работен однос на факултетот, како што била досегашната практика на универзитетот, кога се зборува за ангажирање на најдобрите студенти.

„Веќе неколку години постои програма на Владата на Република Српска за вработување на најдобрите студенти, па успеав да се вработам преку таа програма“ - вели Оливера.

„Ме интересираше и медицината како наука, но ме интересираат и клиничките гранки, како интерната медицина и педијатријата, па во иднина би сакала да ги спојам двете“ - изјави Кристина.

„Отсекогаш ми беше желба да останам факултетот и да работам како асистент, па се надевам на која понуда од факултетот“ - додаде Надежда.

Оливера, Кристина и Надежда велат дека во иднина себе се гледаат во Република Српска.

„Мислам дека ова ќе биде местото каде ќе живеам и работам, но и каде ќе создадам семејство и ќе стареам“ - кажа Надежда.

Овие млади и успешни девојки се гордост на родителите и семејството, но и на Република Српска.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: