Тригодишно девојче ја држи својата помала сестра во раце: Ги кажа најубавите зборови (ВИДЕО)
Тригодишното девојче едвај чекаше да ја држи својата помала сестра во раце. Кога ја зеде, ги кажа зборовите кои го стопија сечие срце
Никогаш не знаете како вашите деца ќе се однесуваат кога во семејството ќе дојде ново бебе. Сепак, тоа повеќе нема да биде најмало, а тоа понекогаш може да биде проблем.
Но, не за ова мало девојче.
Моли Конли имаше само две години кога нејзината мајка Хедер ѝ кажа дека ќе има братче или сестричка. Моли беше пресреќна.
Таа веќе имаше постар брат. Џек, па знаеше каква треба да биде во иднина. Беше решена да покаже колку ќе го сака својот нов брат или сестра.
Моли нервозно го чекаше доаѓањето на бебето со месеци.
Потоа еден ден доби вест, дури и подобра од веста дека ќе стане голема сестра. Мама ќе роди сестра.
Дојде и тој ден и бебето се роди. Беше неописливо возбудена, а кога ја виде Кора, не можеше да ја задржи радоста. Ја држеше во раце, ја погледна и ѝ рече: „Штотуку излезе од стомакот на мама. Нема да те пуштам да одиш... нема да те пуштам веќе никогаш да одиш некаде“.
Јасно е дека таа ќе биде одлична поголема сестра која секогаш ќе внимава на Кора.
извор: novizivot.net