Тригодишно девојче си ги изгоре стапалата на плажа, заврши во завои: Семејството упати апел
„Погрижете се да ја напуштите плажата безбедно“...
Одморот е она на што се радуваме цела година, особено кога сме деца. Но, за тригодишното девојче Емили од Единбург, одморот на плажа се претворил во мачна агонија, откако ги „испржила“ нозете на песок, каде претходно се правела скара.
Мајката на девојчето Џил Шо опишала како едно забавно патување се претворило во хорор откако Емили почнала да вреска кога стапнала на песокот. Поради инцидентот, малата Емили не можела да оди, а нејзините нозе биле завиткани во завои.
Џил, од Единбург, сега упати срдечен апел до сите кои уживаат во скара или оган на плажата да се погрижат да го остават местото безбедно кога ќе си одат дома.
-Вискаше дека нозете и се запалени. Никогаш не сум ја видела во толкава болка. Наполнивме кофа со вода и имавме кесичка мраз, па сето тоа го искористив за да ја разладам додека не дојде мојот партнер да ја однесе во болница - рекла мајката.
Џон Расел ја однел во болница, каде што лекарите користеле стерилизирана вода и памук. Морале да ја врзат за креветот бидејќи била многу вознемирена. Потоа и ги „пукнале“ плускавците и ја отстраниле изгорената кожа, па ја стерилизирале и ја завиткале во завои, пренесува „Дејлирекорд“.
Извор: Zena.blic.rs