Трик над триковите: Како преку стори на Инстаграм да дознаеш дали некој е заинтересиран за тебе?
Ова е малку злобно, но сѐ за да дознаеме дали е навистина заинтересиран или само пропратно ги гледа нашите сториња...
Дали ова е малку подло? Да. Дали ќе даде одговор на прашањето дали навистина е заинтересиран за тебе или само ти ги гледа сторињата бидејќи ги гледа и на сите остантите? Да. Нјдобро би било да му се јавиш и да започнеш разговор, но знаеме дека нема да го направиш тоа, па еве ти друга опција. Без разлика дали станува збор за поранешното момче со кое и понатаму се следиш на Инстаграм, некој со кој се гледаш повремено или некој кој го знаеш од видување, а постојано ти ги лајкува сите фотографии, вака ќе дознаеш колку е заинтересиран за тебе. Ти треба само некоја добра фотографија за стори, на пример букет цвеќе, маса поставена за двајца, нешто што изгледа како да си со некој на состанок. Додај некој сладок натпис или гифче и она најважното - анкета.
@thatcoachmike Girls, you are welcome #fyp #instastoryidea #relationshiptip #girlshack #instagramhack
Kiss Me More (feat. SZA) - Doja Cat
Нема да поставиш никакво прашање, само ќе ја искористиш за во десното квадратче како одговор да напишеш текст како да имаш некој означено (@нечиеиме). Кога ќе ја ставиш анкетата на левата страна од сторито, ќе се гледа само она квадратче со натписот и ќе изгледа како да си означила некој, а не како да е во прашање анкета. Кога ќе го објавиш, секој кој ќе сака да знае со кого си, ќе кликне на името, а бидејќи е анкета, тебе ќе ти покаже која личност кликнала. И така ќе дознаеш дали е заинтересиран или си му само уште едно стори во низата. Мораме да приззнаеме дека ова е еден од подобрите трикови, а момчето кое го сподели на ТикТок веќе размислува за нови.