Трик со кој вашите патики уште долго ќе останат нови: Оние кои го пробале се воодушевени со резултатите

Трик со кој вашите патики уште долго ќе останат нови: Оние кои го пробале се воодушевени со резултатите

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Многу е едноставно, а не штети на патиките!

Кој има бели патики знае каква мака е да се одржат чисти. Постојат неколку трикови кои се општопознати, како триењето на ѓоновите и гумениот дел со четка за заби и сода, но една Британка откри сосем нов и одличен трик.

Откако претходно ги извадила врвките од патиките, ги испрскала со средство за отстранување на маснотии, а на крајот ги потопила во раствор од вода и избелувач за алишта.

Следниот чекор е миење на патиките со сунѓер.

„Прво ги испрскав со среј за отстранување на маснотии што се користи во кујна, а потоа ги потопив во топла вода во која додадов избелувач за алишта, а на крајот ги исчистив со сунѓер. Потоа ги исправ во машина за алишта.“ - напиша таа на Фејсбук во групата „Mrs Hinch Made Me Do It“, секако со споделената фотографии пред и по перењето.

Членовите на оваа група се воодушевени од резултатот, па така нејзината објава за кратко време „собра“ голем број лајкови.

фото: SHUTTERSTOCK

Објавена во: После „Школо“ // DIY

Можеби ќе ве интересира: