Трик со селотејп: Со ова одењето на високи потпетици ќе ви биде полесно и побезболно (ВИДЕО)
Ова е нешто што би можеле да го испробате следниот пат пред да облечете високи потпетици...
Една компанија за обувки од Велика Британија на својот профил на ТикТок откри мал трик со селотејп поради кој полесно ќе го преживеете времето поминати на високи потпетици.
Објавата на „EGO Official“ брои повеќе од 10 милиони прегледи. Сѐ што треба да направите е со селотејп да ги споите третиот и четвртиот прст на ногата и на тој начин одењето во високи потпетици ќе ви биде побезболно.
@egoofficial_ helps you last longer in your heels girls to you can stay grooving #ego #heelshack #heelstip #fashiontip #hack #lifehack #highheelshack Area Codes x Did It On Em by L BEATS - DJ L BEATS
„Нервите кои ни предизвикуваат најмногу болки се наоѓаат токму помеѓу третиот и четвртиот прст на нозете, а со спојување на двата прста, го намалувате притисокот“ - напишала една ТикТокерка во коментар.
Коментарите под видеото се разновидни, од девојки кои го пробале овој трик и тврдат дека навистина функционира, до оние кои не веруваат.
Како и да е, ништо нема да те чини ако го пробаш овој трик и да се увериш сама дали има некаков ефект.
фото: Принтскрин / Инстаграм