Трик за фенирање: Девојка покажа како да си направите бујни локни, но ја „уништија“ во коментарите (ВИДЕО)

Трик за фенирање: Девојка покажа како да си направите бујни локни, но ја „уништија“ во коментарите (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Девојка покажа трик за сушење со фен, така што косата е бујна и мека, но многумина во нејзините коментари пишуваат дека нема шанси да би можеле да го направат ова.

Сушењето со фен дома може да биде мака ако не знаете што точно да направите или ако користите погрешна четка и лесно може да дојде до катастрофа, но една девојка на TikTok покажа домашно фенирање што дава навистина одлични резултати.

Дарси О’Донел ја изми косата пред камерата, а потоа прво ги навитка прамените, потоа ги завитка околу кружни четки.

Таа искористи еден куп четки и ги изврти речиси до коренот на косата, што изненади многумина. Погледнете го видеото, резултатот е навистина одличен ...

..но, многумина и пишуваат во коментарите дека не би се осмелиле да се фенираат вака, дури и да имаат три пати повеќе коса од неа!

"Сигурно нема да се сушам вака, па би морала да подготвам ножици за да можам да ја скратам косата околу четката. Нема шанси вака да ги одвиткам", напишала една девојка.

„Ќе си ја искубам и тоа малку коса на главата ако го пробам ова“, напишала друга девојка.

ВИДЕО:

@darceyodonnell_

You’ve really got to trust the progress on this one…. haven’t done this in my hair in ages  ##bouncyblowdry ##foryoupage ##fyp ##LetsGetBackOnTrack

Tell Me Something Good - Ewan McVicar

извор:mondo.rs


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: