Трудничкото стомаче во прв план: Кајли Џенер на најубавиот начин призна дека е во блажена состојба

Трудничкото стомаче во прв план: Кајли Џенер на најубавиот начин призна дека е во блажена состојба

Објавена во: Живот // Живот

Едно од најпознатите медиумски лица, 24 - годишната Кајли Џнер призна дека е бремена по вторпат!

Кајли Џенер конечно призна дека е во блажена состојба!

За бременоста почна да се шпекулира откако за својот роденден објави стари фотографии, за кои е очигледно дека биле направени во јуни, а не во август. Сепак, таа не се огласуваше, а набрзо повеќе извори блиски до неа потврдија дека таа е бремена.

Сега и самата Кајли потврди дека со 30-годишниот рапер Тревис Скот, со кој веќе ја имаат ќеркичката Сторми, го очекуваат второто дете.

Кајли се одлучи на Инстаграм да сподели преубаво видео кое почнува со моментот кога тестот за бременост покажува дека е бремена, преку реакцијата кога дознава таткото на бебето и го бакнува стомакот на Кајли, па сè до моментот кога убавите вести ѝ ги кажале на ќеркичката Сторми, па на идната баба, Крис Џенер...

„Плачам“ - во коментар напиша Ким Кардашијан, постарата сестра на Кајли.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: