Туркајте се потесен да е редот: Студентите на Правен факултет изреволтирани од системот
Во тек се уписите на Правниот факултет Јустијан Први. Иако е време на пандемија и здравствена криза, студентите сепак мора со физичко присуство да се запишат на факултет.
Редот долг можеби и километар, полн со студенти кои си „дишат во врат“, беше споделен во една од групите. Студентите изреволтирани го споделија своето искуство. Покрај видеото кое може да го видите ТУКА, пишуваше „Зарем и во време на пандемија да се дава инфузија на администрацијата на факултетот со непотребни документи... уште госпоѓата задолжена за ред ни вика туркајте се потесен да е редот“.
Во прилог погледнете неколку фотографии кои студентите ги споделија во Студентските групи на факултетот:
фото: Фејсбук