Твитерџиите се бесни по роденденската фотка на принцот Џорџ: Остро ги осудија Кејт Мидлтон и принцот Вилијам
Голем повод за славење во домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон...
Во чест на деветтиот роденден на принцот Џорџ Луис Александар, на официјалниот Твитер профил на Кенсингтонската палата беше објавена фотографија од славеникот, која од една страна ги воодушеви корисниците на оваа социјална мрежа, а од друга ги налути други.
Автор на фотографијата е Кејт Милдтон, која традиционално ги фотографира своите деца за посебни прилики, вклучувајќи ги и родендени. Војвотката од Кембриџ се занимавала со фотографирање и пред да се омажи за принцот Вилијам во 2011 година во Лондон, а за време на пандемијата на корона вирусот организирала хуманитарен фото-натпревар „Како Британците се борат со здравствената криза“.
Прекрасната фотографија на Џорџ е направена на почетокот на месецов на семејното патување по завршувањето на учебната година. Некои истакнуваат дека славеникот е ист како мајка му, други честитаат и се потсетуваат на своето детство, посочувајќи дека се многу постари од британскиот принц, но има и зајадливи коментари кои гласат: „Има уште 20 милиони други луѓе по име Џорџ кои го слават својот роденден денес“, „Нема да помине долго пред да почне да прави пропагандни кругови за добротворни цели кои нема да имаат корист од неговото покровителство“.
Има и такви на кои им пречеше тоа што роденденот на Џорџ беше одбележан со една единствена фотографија:
„Луј: четири фотки, Шарлот: три фотографии, идниот крал Џорџ: една фотографија“, „Принцот Џорџ е наследник на тронот, ова е шега. Додека неговиот брат и сестра имаа четири и три фотографии, тој има само една. Целосно го игнорираат“. Во овие коментари твитерџиите се потсетија како се славеле родендените на принцезата Шарлот и принцот Луис, помалите деца на Кејт и Вилијам.
„Не разбирам во што е проблемот. Љубезно од неговите родители да објават една фотографија за да ја видиме. Сигурен сум дека на Џорџ не му пречи. Можеби сега децата се доволно возрасни за да изберат кои фотки ќе ги објават и ова можеби е единственото нешто што го сакал“ - вака гласеше коментарот го одбрание познатиот кралски пар.
Навистина, има ли нешто лошо во тоа да се објави фотографија? Во исто време, ако некој веќе ја согледа неправдата, зарем не би можело да се заклучи дека објавувањето на една фотоградија всушност му дава предност на Џорџ? Може, но и тоа би било погрешно.