Твитерџиите со денови се обидуваат да ја пронајдат мачката на фотографијата: Ја гледате ли?

Твитерџиите со денови се обидуваат да ја пронајдат мачката на фотографијата: Ја гледате ли?

Објавена во: Совети // Семејство

Барањето животни и предмети на фотографиите е една од омилените занимации на корисниците на корисниците на социјалните мрежи. Но, една мачка е толку добро сокриена во кујната што стана вирална.

Фотографијата пред две недели на Твитер ја сподели профилот @Thereisnocat_ и од тогаш собра повеќе од 57.000 лајкови.

Ја прикажува кујната во која има фрижидер, кујски креденчиња и шпорет, како и тенџере, прибор и продукти насекаде по работната површина. Но, мачката никаде ја нема.


„Помислив дека мачката се крие во пластично кесе“, „Две минути бев уверен дека мачката е фритезата на топол воздух на фрижидерот“, „Мени ми изгледа дека мачката воопшто ја нема“ - се редеа коментарите.

Сопственикот на мачката по име Кроу, Демијан Александер, за Newsweek открива дека ја вдомил во 2020 година, кога имала 8 недели. Со текот на времето станала прилично вешта во криењето.

„Цимерот и јас гледавме некоја серија во дневната соба и слушнав дека Кроу скока по кујнските елементи“ - раскажа тој.

Демијан влегол во кујната и ја видел мачката, па ја фотографирал и ја споделил на Интернет со што заинтригирал многумина. А, ако се уште не успеавте да ја пронајдете мачката, погледнете подобро помеѓу левата страна на фрижидерот и висечето. Ќе ги видите очите на црната мачка.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: