Твитерџиите „удрија“ по поранешната на Вељко Ражнатовиќ: Маша ја критикуваат поради високите цени на облеката која ја дизајнира и продава
Маша Терзиќ ја критикуваа на Твитер, бидејќи облеката која ја креаира ја продава по „безобразно“ високи цени...
Маша Терзиќ, поранешната девојка на Вељко Ражнатовиќ, сега е успешна дизајнерка и сопственичка на моден бред чии парчиња ги дизајнира сама.
Своите креации често и сама ги носи и редовно ги споделува на Инстаграм, но сега се најде како мета на критика на корисниците на Твитер, кои нејзината работа ја сметаат за неоправдано скапа.
„Модата е нешто со што отсекогаш сум сакала да се занимавам. Оваа колекција ја создавав повеќе од една година и за тоа време настанаа повеќе од сто модели. Секој е уникатно работен со цел секоја дама да се чувствува посебно во него“ - кажа Маша за време на отворањето во октомври минатата година.
Фустаните кои ги има дизајнирано се истакнати на неколку страници на Интернет, а покрај специфичните модели, на корисниците на Твитер во око им влезе и цената која ја карактеризираат како „непримерна“.
„Овој фустан чини 600 евра. Ќе повторам 600 евра“ - гласи еден од коментарите заедно со фотографијата од зелениот фустан, кој го дизајнирала Маша.
Pazi sad! Ova haljina košta šest stotina evra.
— Snajderka (@Snajderka1) September 28, 2021
Ponoviću, šest stotina evra!
Julijane mi moje, napraviću je da preračunam realnu cenu.
P. S. Domaći "kreator"! pic.twitter.com/ytZqKgdVdN
Ова не е единствениот случај кога станува збор за нејзините креации, па така уште една корисничка на споменатата социјална мрежа даде свој коментар.
„Луѓе мои, па колку е скапа колекцијата на Маша Терзиќ, влегов на страницата и се шокирав кога видов дека најевтиното парче е 320 евра“.
Ljudi moji pa kako je skupa kolekcija Mase Terzic usla na sajt sokirala se najjeftinija stvar 320 eur #caosvima #masaterzic pic.twitter.com/6YhQGrxtBd
— talksandgiggles (@talksandgiggles) June 29, 2021
„За некој кој само што почнува цените не се високи, туку превисоки. Можеш да си купиш нешто од познатите светски брендови за тие пари. Секако оние што се прават паметни дека секоја стока има свој купец се вистински овци за стрижење“ - се надоврзуваа на коментарите и други девојки.
Takvima je i namenjeno. Ko bi kupio "dizajnerski komad" Mase Terzic, poznate kao bivsa devojka Veljka R?
— M (@NekadNeko1) June 29, 2021