Твитерџиите згрозени од постапката на Кортни Кардашијан: Цревата ми се превртуваат, зошто е ова објавено?
Кортни и нејзиниот избраник разменија бакнежи во јавноста, кои многумина ги окарактеризираа како премногу вулгарни...
Една од најпознатите старлети во светот, Кортни Кардашијан, не престанува да ја интригира јавноста, а овој пат дури и ја згрози.
Имено, таа и нејзиниот избраник Тревис Баркер присуствуваат на „UFC“, а што забележаа дека една камери е насочена кон нив, почнаа да се бакнуваат и тоа многу слободно, што некои би кажале вулгарно.
Токму така ја искоментираа оваа постапка многу корисници на социјалните мрежи, особено твитерџиите кои со неверување се прашаа - зошто ова е воопшто објавено?
The hottest ticket in town! @TravisBarker, @KourtneyKardash & @JustinBieber just some of the stars shining at #UFC264! pic.twitter.com/zl857Xwbt3
— UFC Europe (@UFCEurope) July 11, 2021
„Зошто ова е објавено? Зошто е прикажано?“ - праша еден.
„Поради ова ми е непријатно“ - додаде друг.
„Тревис те молам престани“, „Цревата ми се превртуваат!“, „Не сакам никогаш повеќе да видам нешто слично“ - продолжија да се редат коментарите на луѓето на кои очигледно не им допадна ова видео.
Инаку, оваа двојка од страна на папараците е неколку пати „уловена“ за време на врелите бакнежи на плажа, во пустина, Дизниленд...