ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ - Кога е најдобро време да почнете да размислувате за животно осигурување?
Колку порано ќе почнете да размислувате за иднината и дел од парите да издвојувате за животно осигурување, толку полисата ќе биде поповолна, а акумулираните средства со текот на годините можат да ви послужат за најразлични цели: покомфорен живот, обнова на домот, отплата на долгови, школување на децата итн. Младите размислуваат за сопствената иднина, имаат позитивен став кон животното осигурување, потребни им се повеќе информации за осигурувањето како производ, па притоа бараат поголема едноставност за договарање, персонализиран пристап и транспарентност.
Важно е да се знае дека осигурувањето на животот не е недостижно и дека со редовни примања нема оправдување да не го договорите навреме. Предноста на животното осигурување е што со склучувањето договор ќе почувствувате олеснување, знаејќи дека парите што ги ставате настрана ќе ве штитат вас и вашите најмили во случај на непосакувани настани.
На осигурителниот пазар во последно време е актуелна и опцијата преку полисата за осигурување на животот, истовремено да се вложува и во инвестициски фондови. Во таков случај, со еден производ добивате животно осигурување и можност за дополнителен принос од вложување во удели во инвестициски фондови. Освен заштедата што се добива по истекот на полисата за износот кој е договорен и загарантиран, корисникот, преку вложените средства во инвестицискиот фонд, може да добие и дополнителна сума.
Компанијата Кроациа осигурување живот е еден од лидерите на пазарот за овој тип осигурување, при што компанијата има воспоставено соработка со неколку инвестициски фондови. ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ полисата за осигурување на животот е целосно создадена за тоа осигуреникот да може да избира и да одлучува. Станува збор за временски и просторно неограничено осигурување. По истекот на рокот на осигурувањето се исплаќа делот што бил вложен во избраниот инвестициски фонд по цена на уделите на фондот на денот на истекот на договорот, како и осигурената сума од договорената полиса.
Производот е наменет за вложувачите што се подготвени да прифатат распределба на ризикот преку комбинирано вложување - вложување во инвестициски фондови со цел остварување повисок очекуван принос на вложените средства и вложување во осигурување на животот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување гарантирана осигурена сума.
Предностите на ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ инвестициското осигурување се временски и просторно неограничено осигурување, можност за остварување атрактивен принос со умерен ризик, професионално управување со средствата на фондот, диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти, автоматско реинвестирање на добивката и намалени трошоци за управување со средствата, доколку се инвестира индивидуално во фондот, односно инвестирањето во фондот е без влезна провизија.
Траењето на овој тип осигурување може да биде од 10 до 25 години, а се опфаќаат лица на возраст од 14 до 65 години. Плаќањето може да биде месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно; минималната премија при еднократна уплата е 2500 евра, додека минималната премија при повеќекратна уплата изнесува 300 евра.