Твој кро лајф инвест - животното осигурување ве штити и ви штеди

Твој кро лајф инвест - животното осигурување ве штити и ви штеди

Објавена во: После „Школо“ // PR

Животното осигурување е сѐ почеста опција на граѓаните за дополнителна заштеда и заштита на своето семејство. Со склучување полиса за животно осигурување вие осигурувате, штедите и градите предуслови за финансиска сигурност. Штедењето и финансиската безбедност за осигурен случај не се единствени бенефити од животното осигурување. Во последно време на осигурителниот пазар сѐ почеста e опцијата преку полисата за осигурување на животот во исто време да се вложува во инвестициски фондови.

Во таков случај, со еден производ добивате животно осигурување и можност за дополнителен принос од вложување во удели во инвестициски фондови. Освен заштедата што ја добивате по истекот на полисата во износ кој е договорен и загарантиран, корисникот преку вложените средства во инвестициски фонд може да добие и дополнителна сума. Еден од предводниците на овој тип осигурување кај нас е Кроација, при што компанијата има воспоставено соработка со неколку инвестициски фондови. Оттаму средствата, во име на клиентот, се вложуваат во удели, а изборот кој фонд ќе биде наменет за инвестирање на средствата зависи од самиот клиент.

Осигурувањето на живототповрзано со инвестицискиот фонд ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ на Кроација осигурување нуди можност за принос со умерен ризик. Притоа, сами може да изберете колкав дел од премијата ќе насочите кон осигурувањето живот, а колкав во инвестицискиот дел од премијата, кој е директно врзан за цената на уделите на избраниот инвестициски фонд.

Придобивките од овој вид инвестициско осигурување се временски и просторно неограничено осигурување, можност за остварување атрактивен принос со умерен ризик, професионално управување со средствата на фондот, диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти, автоматско реинвестирање на добивката и намалени трошоци за управување со средствата, доколку се инвестира индивидуално во фондот, односно инвестирањето во фондот е без влезна провизија.

Траењето на осигурувањето кај ТВОЈ КРО ЛАЈФ ИНВЕСТ може да биде од 10 до 25 години, а се опфаќаат лица на возраст од 14 до 65 години. Плаќањето може да биде месечно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно, минималната премија при еднократна уплата е 2500 евра, додека минималната премија при повеќекратна уплата изнесува 300 евра.

Овој тип осигурување е наменет за вложувачите што се подготвени да прифатат распределба на ризикот преку комбинирано/балансирано вложување во инвестициски фондови со цел остварување повисок очекуван принос на вложените средства  и вложување во осигурување на животот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување гарантирана осигурена сума. Станува збор за временски и просторно неограничено осигурување. По истекот на рокот на осигурувањето ви се исплаќа делот што бил вложен во избраниот инвестициски фонд по цена на уделите на фондот во тој момент, како и осигурената сума од договорената полиса.

* ПР - објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: