Го најдоа: Уапсен е човекот кој го нападна обезбедувањето на Аријана Гранде

Го најдоа: Уапсен е човекот кој го нападна обезбедувањето на Аријана Гранде

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Сестрите Кендал и Кајли Џенер имаа најголем проблем со упади од непознати луѓе на имотот. Кендал имаше толку многу немир од вакви луѓе што дури и се преселуваше неколку пати во обид да се скрие од нив, а еден дури и се закани дека ќе ја убие. Сега и Аријана Гранде се соочува со овој проблем откако маж го нападна нејзиното обезбедување со нож!

За среќа сега уапсен е маж пред куќата на Ари во Холивуд Хилс, кој наводно извадил нож кон нејзиното обезбедување. 
23 -годишниот Арон Браун се појави пред нејзината куќа во петокот околу два часот наутро и побарал да ја види. Кога обезбедувањето го избркало, замавнал со нож, поради што повикале полиција. Сега се соочува со обвиненија за инцидентот.

Не е сигурно дали Ари била дома во тоа време, но после тој настан таа поднела барање за привремена мерка забрана за приоѓање. Судијата на претстојното рочиште ќе одлучи дали е неопходно да се продолжи забраната.

Минатата година, Ари и нејзината мајка Џоан издејствуваа петгодишна мерка за забрана за приоѓање за Фидел Хенрикез, кој влезе во нејзината куќа за да ѝ остави љубовна порака.

Автор: Famoza.net

Вистината за односот помеѓу Аријана Гранде и нејзиниот татко со кој нема близок однос

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: