Убава за 10 минути: Кајли Џенер ја откри тајната на нејзината совршена рутина за шминкање

Убава за 10 минути: Кајли Џенер ја откри тајната на нејзината совршена рутина за шминкање

Објавена во: Мода // In and Out

Кајли Џенер е еден од најуспешните членови на генерацијата Z и најмладата милијардерка, која не ги наследи своите пари, туку ги заработи.

Таа, меѓудругото има и свој јутјуб канал, на кој не толку често објавува, но повремено решава да ги пушти своите обожаватели во мал дел од нејзиниот живот и да ги сподели своите најубави, но и најтешки моменти.

Бидејќи Кајли е основач на компанијата Козметика Кајли, која произведува колекции шминка и, како што вели самата, обожава шминка, не е невообичаено што сподели со своите обожаватели во кратко видео како изгледа нејзината рутина за дневна шминка.

Таа неодамна сподели видео на својот канал на YouTube, наречено My Everyday Make up look, во кое ги покажа чекорите на нејзината рутина за шминкање, во оние денови кога самата се шминка. На видеото, таа исто така призна дека порано поминувала повеќе од половина час шминкајки се, но дека откако стана мајка, почесто избира поедноставен изглед за кој се потребни само 10 минути време.

Иако станува збор за 10-минутна процедура за шминкање, Кајли сепак користи десетина различни производи за шминкање и го надградува својот изглед во слоеви, па затоа станува збор за изглед што според нас, можеби и не е толку лесен за изведување, но неопходни се часови вежбање и трпеливост.

Погледнете и проценете и самите:


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: