Убавата принцеза мора во војска три години затоа што ќе биде иден воен командант: Запознајте ја ќерката на кралицата Летиција
Принцезата Леонор и потенцијална наследничка на шпанскиот трон ќе помине тригодишна воена обука почнувајќи од август, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес.
Таа по состанокот на владата изјави дека, како и во сите парламентарни монархии, престолонаследникот „мора да има воено искуство“, пренесува „Ројтерс“. Шпанската монархија се бори да го поправи својот имиџ по серијата скандали во изминатата деценија, главно поврзани со поранешниот крал Хуан Карлос, кој абдицира во 2014-та година во корист на неговиот син, кралот Фелипе, објави британската агенција.
Најстарата ќерка на Фелипе, Леонор (17) во октомври ќе наполни 18 години и е прва во редот на наследството, освен ако не се роди машки наследник, а потоа и нејзината сестра Софија.
фото: Profimedia
„Во догледно време, врховен командант на вооружените сили ќе биде жена, а во последните години правиме многу значајни напори да ги вклучиме жените во вооружените сили“ - рече Роблс. Првата година од школувањето принцезата ќе ја помине на воената академија во Сарагоса, потоа ќе оди во поморско училиште, а ќе ги заврши студиите на Генералната академија на воздухопловните сили.
Хуан Карлос абдицираше поради случајот за даночна измама во кој беа вклучени членови на кралското семејство и по скандалот околу неговото патување во Африка за да лови слонови во време кога Шпанија минуваше низ длабока рецесија. Поранешниот монарх живее во Абу Даби од август 2020-та година, кога ја напушти Шпанија откако беа отворени неколку истраги за наводна измама во таа земја и во Швајцарија, кои подоцна беа суспендирани.
фото: Profimedia