Убавината како проклетство: „Девојките не сакаат да се дружат со мене, бидејќи сум убава, а тие се љубоморни“
Ариана, која има скоро 50.000 следбеници на ТикТок, проговори за лошите страни на својата убавина...
ТикТокерката Ариана Савана се пожали дека нема пријатели поради тоа што е убава. За лошите страни на својот убав изглед проговори во видео, кое го објави на својот ТикТок профил. На почетокот на видеото најави дека очекува дека сите ќе ја нападнат поради она што го изговара.
„Постои нешто за што никој не зборува, а јас ќе зборувам за своето искуство на убава жена. Немам многу пријателки. И тоа е нешто со што долго се борам и никогаш не сум сфатила зошто е така“ - кажа, а потоа додаде:
„Девојките не сакаат да се дружат со мене бидејќи сум убава, а тие се љубоморни и јас поради тоа сум осамена“.
Тој проблем ја мачи откако почнала да оди на факултет. Вели дека постојано ѝ зборуваат дека ја сакаат и дека е прекрасна, планираат дружења со неа, а потоа едноставно ја отфрлаат.
„Потоа доаѓа време кога повеќе не ми се јавуваат и зборуваат лошо зад мојот грб. А, тоа нема смисла, бидејќи јас секогаш сум многу љубезна и искрена“ - откри.
Вели дека очајнички се обидува да најде пријателка, но дека девојките не ја поднесуваат бидејќи е привлечна. Тврди дека животот ѝ е упропастен, бидејќи тешко склопува пријателства. Ариана се пристува дека му кажала на семејството за овој проблем.
„За викендите си одев дома, бидејќи немав што да правам и ѝ плачев на мајка ми бидејќи не можев да сфатам што ми се случува“ - раскажува оваа ТикТокерка. Мајка ѝ ѝ објаснила дека одговорот на тоа е очигледен и дека луѓето не сакаат кога не се најубавата личност во просторијата, и дека Ариана со својата привлечност ги плаши другите.
@arianasavannah message me on ig to be mutuals #women #modeling #mutuals #ily #imhungry Summer Fling - Nina Nesbitt
„Не правам ништо, си ја гледам својата работа. Станувам осамена бидејќи сум изморена од жените кои мислат дека сите сме си конкуренција. Сите сме убави, можеме ли сите да бидеме пријатели?“ - додаде Ариана.
Таа признава дека постои и добра страна на оваа нејзина привилегија и прифаќа дека убавиот изглед може да ѝ олесни многу работи во животот.
Во коментари многу луѓе ја пофалија поради нејзината искреност за оваа тешка тема. Една личност напиша: „Како една од не толку убавите девојки, можам да ти кажам дека тоа е така бидејќи едноставно се љубоморни. Можеби ова звучи како клише, но е вистина“.
фото: Инстаграм