Убаво и удобно: Летно „топче“ кое не излегува од мода
Постојат одредени парчиња облека кои ги поврзуваме само со одредено годишно време. Како што волнените џемпери асоцираат на зима, така ова „must have“ парче облека асоцира на лето.
Како што пишува WhoWhatWear, белиот „кроп топ“, со малку широк и лелеав крој, е модно парче кое ќе одговора на било која летна модна комбинација, без разлика дали летните денови ги поминуваме во местото на живеење или на плажа.
Една од причините зошто ваквото „топче“ е неверојатно лесно за носење за време на летните денови е материјалот од кое е изработен. Најчесто станува збор за памучни или воздушни платнени ткаенини.
Исто така, кројот подразбира и т.н. „пуф“ ракави кои се широки, не стегаат и не се прилепени за кожата, која може слободно да „дише“. Во продавниците оваа сезона би можеле да видиме и многу слични варијации, па така класичниот бел „кроп топ“ со додаток на ситни детали би можел да стане вистински моден хит, кој секоја девојка која е љубител на модата ќе мора да го има во својот плакар. Барем во неколку примероци.