Убиство во високото општество: Трејлер за најочекуваниот филм на годината - материјал за ОСКАР

Убиство во високото општество: Трејлер за најочекуваниот филм на годината - материјал за ОСКАР

Објавена во: Stars // Филм

Темната страна на модната индустрија

Објавен е нов трејлер за еден од најочекуваните филмови во сезоната „House of Gucci“ во кој главната улога ја има Лејди Гага.

Заплетот на филмот е за Патриша Реџани, која станува дел од семејството Гучи и се обидува да се вклучи во семејниот бизнис и покрај незадоволството на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи и неговиот татко. Патриша остана најконтроверзната личност во модната индустрија, која во 1995 година беше осудена на 29 години затвор за убиство на нејзиниот сопруг, внук на основачот на модната куќа Гучи.


Во филмот играат и Адам Драјвер, Џаред Лето, Џереми Ајронс, Ал Пачино и Салма Хајек, а судејќи според коментарите под трејлерот, пејачката Лејди Гага најмногу ги воодушевила луѓето со својата глума.

„Гага е толку природна што дури и забораваш дека таа е таа што глуми“, „Знаеме кој ќе добие Оскар“, „Ова е одлично“, се само дел од коментарите.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: