Ученичка ја известила класната дека не може да присуствува на онлајн наставата: Нејзината причина е апсолутен хит

Ученичка ја известила класната дека не може да присуствува на онлајн наставата: Нејзината причина е апсолутен хит

Објавена во: Совети // School zone

Учениците наведуваат разни причини за да не присуствуваат на наставата и сите ние некогаш сами се доживуваме дека звучиме убедливо и дека класната ќе ни дозволи оправдано да одмориме од училиштето и сите училишни обврски. Сега кога часовите се одржуваат онлајн, учениците се досетуваат на уште подобри причини отколку вообичаено. Изговорите или реалната потреба на учениците да не ги следат предавањата изгледа еволуираа и не можеме, а да не гледаме на нив како на апсолутно нов „тренд“.

На Твитер кружи порака од ученичка која ја известува класната зошто нема да може да седне пред камерата и да ја слуша лекцијата, а она што го напишала нема да ве остави рамнодушни.

„Добро утро класна, само да Ве известам дека нема да можам да ја следам денес наставата, бидејќи почина баба ми... сите плачат, ништо нема да можам да Ве слушнам“ - напиша ученичката.

Камо да можевме да дознаеме како класната реагирала на оваа порака...

Сепак, иако не знаеме како таа ја прифатила оваа информација, се забавуваме со реакциите на твитерџиите.

„Моментално со сите петки да ја заврши годината“, „И ова треба да биде смешно?“, „Избриши го ова, не се бламирај“ - се само некои од коментарите со кои девојката се соочи на социјална мрежа по објавата.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: