Ученичка отстранета од час поради облеката: Мајка ѝ го сними разговорот со директорот - Дали тоа е поважно од образованието?
12-годишно девојче од Вашингтон било испратено дома од
училиште бидејќи го прекршила кодексот на облекување, а нејзината мајка Калисеј
Холт била толку изнервирана што отишла кај директорот на училиштето и побарала
да ѝ дозволат на нејзината
ќерка да посетува часови.
Девојчето дошло на училиште во тренерка и маичка, маичка која го открива малку стомакот. Мајката го документираше сето тоа и го објави на TikTok, каде што настана жестока дискусија.
Додека некои тврдат дека кодексот на облекување е сексистички, други веруваат дека директорот има право да ја испрати девојката дома, доколку го прекршила кодексот на облекување.
@khalesei_holt original sound - Khalesei holt
Калисеј, инаку мајка на три деца, го сними разговорот, во кој се слуша како директорката и вели дека нема дозвола да го сними разговорот и споменува адвокати.
Мајката го оправдува тоа велејќи декаснима „за своја заштита“, а потоа прашува дали нејзината ќерка ќе продолжи да посетува часови.
@khalesei_holt original sound - Khalesei holt
„Не во моментов“, одговара директорката, на што мајката ја прашува: „Значи, ти го одземаш нејзиното образование поради кодексот на облекување?
Подоцна жената го објави наводниот училишен кодекс на облекување на социјалните мрежи, со цел да посочи дека директорката погрешила, пренесува „Дејли Дот“.
@khalesei_holt TWINNEM - Coi Leray
„Зачувувањето на поволна средина за учење и обезбедување безбедност и благосостојба на сите ученици е примарна грижа на Одборот на доверители. Изборот на учениците во врска со облекувањето треба да се направи во согласност со родителите", се наведува во училишната регулатива. Облеката на учениците ќе се регулира само ако, според пресудата на директорите на училиштата, постои разумно очекување дека:
- опасност по здравјето или безбедноста предизвикана од облеката или изгледот на ученикот, вклучително и можното членство во банда или група мразечи,
- оштетување на имотот на училиштето предизвикано од облеката на учениците
- облеката на учениците го попречува образовниот процес.
Фото и Видео: ТикТок