Ученичка со совршен одговор на прашањето: „Што би направиле со 260 евра?“
Домашна задача, која го насмеа регионот...
Многу работи на кои би можеле да ги потрошиме овие пари ни доаѓаат на ум, секако доколку некој ни ги даде, но никогаш не би кажале волку добар одговор каков што во задачата напиша една ученичка до Далмација.
Учениците од пониските одделенија некогаш имаат толку добри одговори на наједноставните прашања што е тешко искрено да не се насмееме на нив. Во задачите кои им ги даваат нивните наставници или во работните прашања често се поставувани општи прашања. Некои на нив ќе одговорат едноставно, а некои ќе имаат излив на креативност. Оваа ученичка од трето одделение од Далмација имаше најдобар можен одговор. Прашање во задачата гласи: „Кога изненадно би добил/а 2.000 куни (264 евра), што би направил/а со нив?“. Без никакво измислување или општи одговори, таа одговорила конкретно: „Кога би добила 2.000 куни, би купила три јагниња!“
Фотографијата од задачата е споделена на Фејсбук страницата „Дневна доза просјечног Далматинца“, која е позната по смешните и забавни објави. Одговорот ги воодушеви луѓето, а во само еден ден истата собра скоро 10.000 лајкови и стотина споделувања. Дефинитивно подобар одговор на ова прашање не ни можела да даде. Не се знае за кое училиште станува збор, како ни по кој предмет била оваа задача, но тоа воопшто не е ни важно.