Ученичка во домашна задача од 1969 година ја предивиде иднината: Само една нешто погреши - тоа го немаме денес
Сосема случајно, задача стара 50 години изненадувачки добро предвидува како ќе изгледа светот еден ден...
Двојката го најде ова писмо во каучот, а кога го објави, стана интересно за сите. Девојчето кое го напишало, имало за задача да опише како ќе изгледа светот од нејзина перспектива за 10 години. Иако тогаш не изгледало така, тој сега изгледа токму таков.
Неверојатно е колку блиску била во своите предвидувања, затоа што погрешила само една работа, неа засега се уште ја немаме. Тоа е задача од 1969 година напишана од 11 - годишна ученичка, која сè уште била во основно училиште. Задачата што требало да ја напише била да опише како мисли дека ќе изгледа иднината за 10 години, во 1980 година. Иако нејзините предвидувања не се оствариле толку брзо, тие се остваруваат до денес. Иднината за која пишувала таа е иднината во која живееме денес. Таа напишала за тоа дека телевизорот во нејзино време е квадратна кутија со копчиња од предната страна, а во иднина тоа ќе биде голем екран, кој ќе се управува од фотелја. Телефонот тогаш бил уште една квадратна кутија, со слушалка одозгора, а во иднина, луѓето ќе разговараат едни со други за да се гледаат. Видео повиците што ги спомена станаа практика денес и нешто сосема нормално.
Таа исто така пишувала за врата што нема да мора да се отвора рачно, туку само со притискање на копче - нов хит. Но, една работа која сè уште ја немаме, а која таа пишувала е гума за џвакање што заменува храната. Во нејзиното предвидување повеќе нема готвење затоа што сè што луѓето јадат е гума за џвакање, која е замена за храна. Како што се џвака, се чувствува вкусот на храната и така луѓето јадат. Светот сè уште не отишол толку далеку, но еден ден тоа е сосема можно. Сите овие работи не можеа да се случат точно за 10 години како што мислеше дека ќе се случат, но за 50 години секако дека можат.