Учениците од Чачак кои спасија баба на улица, добија награда: Ќе одат на седумдневен одмор, каде ќе може и да учат

Учениците од Чачак кои спасија баба на улица, добија награда: Ќе одат на седумдневен одмор, каде ќе може и да учат

Објавена во: Совети // School zone

Нивниот подвиг не е само чин на емпатија, туку и лекција за хуманост и човечност...

Министерството за образование на Србија награди група ученици од осмо одделение, од основното училиште „Ратко Митровиќ“ од Чачак, со седумдневен престој во Научно-образовниот културен центар „Вук Караџиќ“ во Трсиќ, бидејќи ѝ помогнале на постара сограѓанка на која ѝ се слошило на улица.

Министерот Бранко Ружиќ ги пофали учениците кои ѝ помогнале - Тамара Павловиќ, Тамара Јелиќ, Душан Борисављевиќ и Вања Шиљаковиќ.

„Со давањето помош на некој на кој му е потребна, покажавте храброст, смиреност, иницијатива и благородност. Животот на вашата сограѓанка беше во опасност, а вие направивте сѐ што е во ваша моќ за да ѝ помогнете. Покажавте дека и ние возрасните можеме и мораме да учиме од вас малдите“ - кажа Ружиќ, соопшти српското министерство.

Ружиќ истакна дека нивните подвиг не е само чин на емпатија, туку и лекција за хуманост и човечност и додаде дека е важно ваквите дела да бидат забележани и наградени.

„Се надевам дека ќе уживате во престојот во овој научно-образовен културен центар, кој е вистинско место, како за одмор, така и за учење“ - порача Ружиќ.

фото: Приватна архива

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: